Очекувавме дерби, се случи спротивното. Вардар на дело покажа зошто е актуелен правак, на домашен терен убедливо го победи ГРК Охрид со 27-18 (14-6) во меч од петтото коло во Супер-лигата. Ова беше петта победа во исто толку одиграни натпревари. За охриѓани ова е прв пораз, имаат три победи и реми.
Избраниците на Иван Чупиќ доминираа, не им дозволија на гостите во ниту еден момент да помислат на победа. Отворија со 8-3 (17-тата минута), на одморот имаа позитива од 14-6.
И тука не застанаа вардарци, во 41-та минута имаа двоцифрена предност од 22-11, на средината на второто полувреме беше 26-13. Тука беше јасно дека овој меч ќе заврши во корист на „црвено-црните“, кои продолжија да го полнат голот на противникот.
На овој натпревар ГРК Охрид остана без Томислав Јагурновски, кој поради повреда на прстот не се врати на теренот.
Абделхак, Фадхуиле и Љевар имаа по пет погодоци, на другата страна Јошида имаше четири гол.










