Кожув победнички заминува од Скопје (ФОТО)

79

Кошаркарите на Кожув обезбедија победа на гостувањето кај КК Скопје во првото коло од новата кошаркарска сезона во Суперлигата. Гевгеличани на гостувањето кај КК Скопје славеа со 95:101.

Скопје подобро го отвори натпреварот, но гевгеличани постепено го презедоа ритамот и стигнаа до пресврт. Во одлучувачките моменти, гостите го имаа расположениот Бојчев кој беше беспрекорен во завршницата и успеа да им донесе победа на „црвените“. Тој средбата ја заврши со 24 поени.

Колин и Џоунс со по 26 поени беа најефикасни кај КК Скопје.

ПретходноЏејлен Дурен и следните 5 години ќе го носи дресот на Детроит
СледноЛига на Европа: Ѓорчепетровки со предност од 4 гола ќе одат во Чешка