Кошаркарите на Ангели со порака за Антонио Савевски: Вечно во нашите срца и мисли!

76

Помина еден месец од големата трагедија која ја погоди македонскиот спорт. На 33 години во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби Антонио Савевски.

Неговото заминување е голема загуба за семејството, пријателите, колегите и целата македонска кошаркарска фамилија. Беше дел од тренерските тимови на Охрид, Вардар, потоа и Водно Санс и Ангели, а неговата посветеност кон младите кошаркари ќе остане запаметена во македонската кошаркарска заедница.

Денеска од три генерации (2009, 2010 и 2011) на Ангели испратија порака: Твојот дух и љубовта кон кошарката ќе останат со нас засекогаш. ВЕЧНО ВО НАШИТЕ СРЦА И МИСЛИ. 

ПретходноРојевиќ после дебаклот во Скопје: Бевме загубени, не личевме на себе
СледноВиз Ер Скопски маратон: Дарио Ивановски трет, Поп Арсова четврта, пиедесталот за Кенија!