Младите заминаа за Шведска

79

Македонската репрезентација до 21. година утре го игра последниот меч од актуелните квалификации. По ремито со Црна Гора во Битола, во кое што губевме но успеавме на крајот да обезбедиме 1:1, сега избраниците на новиот селектор, Александар Таневски ќе се обидат да стигнат до нов позитивен резултат овојпат на гостински терен.

Македонија отпатува за Шведска, каде што утре со почеток од 18:30 часот на стадионот Фалкон Алкохолфри Арена во Фалкемберг ќе ги одмери силите со домаќинот.

Ние имаме седум бода и сме претпоследни на табелата пред Ерменија која нема бодови, додека Шведска е место пред нас со 10 поени и без шанси да се вмеша во битката за првите две места.

 

ПретходноДе Ла Фуенте: Не сум задоволен, имаше период во кој се мачевме
СледноСкандалот со Манчестер Сити има и црн страна…. основачот на „Football Leaks“ се сели на тајна локација