Елмас: Тешко ми е! Мора да се кренеме од ова, ако не, ќе биде уште полошо!

144

Голема беше разочараноста и кај Елиф Елмас. Тој посочи дека и нему, како и на сите други, му е многи тешко.

Искрен беше Елмас, се гледа дека е незадоволен од резултатите и игрите во последно време. Во неколку наврати истакна дека му е тешко.

“Искрено беше многу лошо, реално. Што да се говори? Шкотска заслужено победи. Нема што многу да кажам. Многу тешко е. На сите играчи им е тешко, и мене ми тешко. Треба да учиме од ова. Тешка ситуација. Седум меча без постигнат гол. Нешто треба да се направи повеќе. Мене ми е најтешко. После сите оние моменти кои што ги направивме во минатото ова е тежок период за нас. Мора да се кренеме од ова. Ако не, може да биде уште полошо. Треба да се подобриме во секој аспект“ посочи Елмас.

ПретходноМиовски: За да се даде гол треба целата екипа да функционира!