Првиот човек на судиите во ЦЕВ предаваше пред македонските судии во Скопје

37
фото: ОФМ/ Вангел Тануровски
Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија вчера во хотелот “Холидеј Ин” во Скопје го одржа Редовниот годишен семинар на кој главен предавач беше претседателот на Судиската комисија на Европската одбојкарска конфедерација, Артуро Ди Џакомо.
Ди Џакомо на Семинарот предаваше на три теми:
-Нов официјален протокол за натпреварување
-Нови официјални правила на одбојката
-Непречено и ефикасно судење во модерната одбојка.
Покрај судиите и делегатите, на дел од предавањата присуствуваа и дел од тренерите кои ги водат клубовите во сениорските Лиги на ОФМ. Покрај предавањата семинарот беше заокружен и со редовното годишно тестирање на судиите и делегатите во пресрет на новата сезона.
ПретходноМурињо ќе го седне Винисиус на клупата на следниот меч во Ла Лига
Следно„Лалињата“ повторно ја совладаа Србија, Грција и Германија одиграа празно реми