Седлоски: Знам што правам, утре ќе има новитети!

147

А- репрезентацијата на Македонија утре од 20.45 часот во Луцерн, во меч од 4.коло во Б Лигата на Нации ќе и гостува на селекцијата на Швајцарија. Селекција која има „три од три“ во победи, и јасно е дека е голем фаворит на овој меч.

Во пресрет на утрешниот меч, на официјалниот прес во Луцерн, селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, покрај другото истакна:

“Игравме со Швајцарија и добро знаеме за каква репрезентација станува збор. Утре со една колективна игра мора да ги отстраниме оние аномалии покажани на првиот натпревар, и со добар меч да се потрудиме да дојдеме до еден позитивен резултат“ –

А, за тоа што значи добар натпревар…„Да одиграме квалитетно, да се обидеме поофанзивно да одиграме, да дадат играчите се од себе. Не ги критикувам играчите дека не даваат се од себе, но мора да се потрудиме повеќе. Ќе има и новитети во тимот, повторно ќе има нови играчи, ќе има свежи играчи затоа што мора да признаеме дека претешко е во само десет дена да се одиграат четири натпревари. Е, сега кој ќе игра и во каква формација ќе играме ќе видиме утре… Секако дека мора ние, почнувајќи од мене, да одговориме подобро од она досега покажано кога сме во репрезентацијата. Затоа мора да го дадеме максимумот за Македонија“.

За критиките…

„Да, имаме критики од јавноста и повторно повикувам критиките да одат кон мене а сега е потребна поддршка за играчите… Знам дека критиките во одредена мера се заслужени, но мора да се има трепение кога се работи промени. А, за играчите, против Швајцарија кога играат во националниот дрес не им треба посебна мотивација“.

За Алиоски…„Се крена преголема фама околу играњето или неиграњето на Алиоски. Џани требаше да влезе во игра на дуелот со Швајцарија во Скопје, но се повреди пред тоа и потоа мина низ неколку неопходни третмани. Сега е подготвен и е во комбинација за настап на утрешниот дуел“ – истакна селекторот Седлоски.

ПретходноАко Хрватска загуби од Шпанија со пет голови разлика: Билиќ ќе си поднесе оставка?!
СледноВисар Муслиу: Мора добро да размислиме како играме!