Медведев погоди навивач со топче, Ѓоковиќ во финалето во Пекинг

73

Тенискиот спектакл на АТП турнирот во Пекинг помеѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев имаше несекојдневен крај.

Ѓоковиќ одигра одличен меч и при резултат 7:5 и 5:3 имаше сервис за победа. Во таа агонија и најава за пораз, Медведев не реагираше најдобро, и со топче, погоди еден навивач. Иако беше ненамерно секако, тој беше дисквалификуван, по што пласманот на Ѓоковиќ во финалето на овој турнир беше автоматски.

На сето ова му предходеше доминација на Ѓоковиќ во текот на целиот меч со која Медведев едноставно не можеше да се справи. Се виде неговата нервоза, а Ѓоковиќ како во своите најдобри денови, го „одработи“ прописно својот пласман во финалниот дуел.

Во финалето Новак ќе се сретне со австралиецот Де Минаур.

 

ПретходноИталија без седум репрезентативци вечерва против Турција
СледноБотас е на пат за Сингапур со велосипед