Драган Ѓоргиев: Дијаспората е секогаш тука за Македонија

378

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот во Луцерн, ќе го игра четвртиот и воедно последен меч од овој репрезентативен прозорец, против домаќинот Швајцарија.

За нас овој термин е исклучително неуспешен затоа што имаме три порази во серија, но од друга страна пак, има и нешто позитивно во сето тоа. Секој следен меч е шанса за добар резултат и вртење на ситуацијата во наша корист.

Швајцарија можеби не е најдобриот противник за такво нешто, но во секој случај, оваа земја е најдоброто нешто за гостување за нас. Затоа што македонската дијаспора во оваа земја е поприлично голема и вечерва ќе го бодри нашиот национален тим од трибините. „Македонскиот“ сектор е одамна распродаден, а информациите се дека и на преостанатиот дел од стадионот ќе има нашинци.

Таму дефинитивно ќе биде и екс македонскиот репрезенаттивец, Драган Ѓоргиев, кој што со години веќе живее во Швајцарија.

„Ова секако дека е голем настан за нашата заедница тука. За македонците во Швајцарија. Македонија прв пат гостува тука, и искрено се радуваме. Ќе навиваме од се срце за нашите момчиња, затоа што тоа тие го заслужуваат во моментов. Максимална поддршка, и покрај тоа што не им одеше на последните мечеви. Ние сме секогаш тука за нив“ – ни изјави Драган Гаго Ѓоргиев.

Тој ја посети базата на репрезентацијата во Луцерн каде што се сретна со својот поранешен соиграч од Маинц, Николче Новески, директорот на скаутинг службата при ФФМ во моментов.

„Со Николче Новески имаме наша историја што се вели. Секогаш има посебно чувство кога ќе се видам до големина како Николче, фудбалско име со кое шест месеци заедно бевме во Маинц. Неговата поддршка секогаш значи и знам дека е тоа човек кој секогаш е тука да помогне. се радувам кога вакви имиња работат во нашиот фудбал и тоа е надеж дека ќе имаме подобра иднина“ – ни рече Ѓоргиев.

 

ПретходноТриумф од 0 – 13: И Тиквеш во 1/8 финалето во Купот на Македонија
СледноТаџикистан на Мрме ја победи Кина за првпат во својата историја