“Термоплан Арена“: Тешка “тврдина“ е стадионот во Луцерн за Швајцарија

90
ФОТО: Instagram Thermoplan Arena

Вечерва нашата А-репрезентација во меч од 4.коло во Б Лигата на Нации гостува во Луцерн каде ќе ги одмери силите против силната Швајцарија.

Мечот од 20.45 часот се игра на „Термоплан Арената“ или некогашна “Свиспорарена“. Изградбата на овој објект кој е пуштен во употреба во 2011 година чинеше околу 60 милиони евра.

Кога ќе се види скорот на Швајцарците на овој стадион, дури сега е јасно зошто се инсистира во последно време да се игра во Луцерн.

Имено во овие 15 години, дури 12 пати Швајцарија била домаќин и има само еден пораз. „Термоплан Арена“ е вистинска “тврдина“ кога станува збор за Швајцарија. Рековме веќе, само еден пораз и тоа на првиот меч против Романија, оттогаш па наваму дури 10 победи и едно реми во тие 11 натпревари за Швајцарците. Тука паднала и една Белгија со 5:2 во 2018 година.

Послените информации велат дека стадионот ќе биде исполнет до последното место, капацитетот е 17.000 гледачи, но и дека нашите репрезентативци ќе имаат силна поддршка од фановите од нашата дијаспора во Швајцарија и околните земји.

Претходно“Монументал“ е спремен за последното шоу на Меси!(ВИДЕО)
СледноИвановски го заврши настапот на Челинџерот во Палермо