Македонските навивачи повторно покажаа дека се голема поддршка за репрезентацијата и на гостински терен. „Фалангата“ во Луцерн е веќе на улиците, каде се слушаат македонски песни и навивачки извици.
Со знамиња и препознатливата атмосфера, македонските фанови го најавија своето присуство пред натпреварот.










