Англија оствари убедлива победа од 3:0 против Чешка на „Вембли“ во Лигата на нации, во натпревар во кој целосно ја контролираше играта.
Хари Кејн постигна два гола, во 57. и 70. минута, а првиот погодок беше автогол на Владимир Цуфал во 27. минута. Со настапот против Чешка, Кејн стигна до 125 репрезентативни настапи, израмнувајќи го рекордот на Питер Шилтон.
Во дуелот на гигантите од групата А3, Шпанија со пресврт славеше против Хрватска со 1:2. Иван Перишиќ ја донесе Хрватска во водство, но Микел Мерино израмни во второто полувреме. Истиот фудбалер во 88. минута го постигна и вториот гол и обебзеди победа за европскиот шампион.
Голема драма имаше на „Хемпден Парк“, каде што Шкотска водеше со 1:0 против Словенија по голот на Рајан Кристи, но гостите направија целосен пресврт. Алјоша Матко израмни, а Даниел Штурм погоди за 2:1 и голема победа на Словенија.
Вечерва беа постигнати следните резултати:
Хрватска – Шпанија 1:2
Англија – Чешка 3:0
Шкотска – Словенија 1:2
Швајцарија – Македонија 3:0
Албанија – Сан Марино 2:1
Белорусија – Финска 1:0
Молдавија – Словачка 0:4
Естонија – Исланд 0:0










