Тоа е тоа што би рекол еден наш поранешен селектор. Македонската репрезентација никако да ја прекине црната серија. Ова е повеќе и од алармантно. По поразот вечерва од Швајцарија од 3:0, нашата репрезентација ја продолжи црната серија. Сега сме без победа цели 12 натпревари, а сме без гол вкупно 787 минути. Кога станува збор за Седлоски како селектор, ова беше негов осми меч без победа, а без гол 720 минути.
И дефининитивно Седлоски се уште се нема израдувано на гол. Што е многу, многу е. Црната серија продолжува и тоа како. Не дека во првиот дел бевме толку лоши, напротив, но кога ќе загубиш од еден ривал кој речиси да не одигра ни 50 насто од својата сила, но грешките беа тука.
Што да се каже? Што да се коментира?
Никако да ни тргне! Никако…










