Гоце Седлоски: Не се предавам, сум бил борец како играч таков сум и сега!

302

Македонија вечерва во Луцерн одново со пораз. Швајцарија славеше со 3:0. Ова е четврти пораз на нашата селекцијата предводена од Гоце Седлоски во Б Лигата на Нации во исто толку одиграни мечеви. Без гол сме со него како предводник цели 720 минути ако се земат в предвид и тие претходни четири меча.

По вечерашниот натпревар во Луцерн, еве што кажа Седлоски:
“Мислам дека одигравме перфектно прво полувреме, до првиот примен гол. Индивидуалните грешки што ги направивме Швајцарија знаеше да ги искористи. Ваквите селекции не простуваат. Мораме да бидеме максимално концентрирани во секој момент, затоа што противниците знаат да не казнат. Им дадов шанса на сите фудбалери во нападот, но не можевме да постигнеме гол. Но, јас бев борец и кога бев играч и не се откажувам, не се предавам“.

ПретходноМакедонија во црна серија: Без гол сме 787 минути, со Седлоски 720 минути!!!
СледноАлиоски: Лесно е да се критикува, треба да учиме!