Неверојатно: Еве што се прави само за да се добие „Златната топка“!

159
ФОТО:France football/X

И дефинитивно добивањето на “Златната топка“ станува нешто најважно во светот на фудбалот, поважно од ЛШ или СП.

Поранешниот директор на „Франс фудбал“ и поранешен раководител на манифестацијата „Златната топка“, Паскал Фере, откри неверојатна ситуација што се случила за време на неговиот мандат, кога еден агент се обидел да влијае на изборот на добитник на престижната награда. Фере рече дека еднаш го контактирал агент чиј клиент бил меѓу номинираните играчи за „Златната топка“.
Агентот, тврди тој, сакал да разговара за шансите на својот играч и се обидел да го убеди да ја „продаде“ својата кандидатура на членовите на жирито.

„Еден агент сакаше да се сретне со мене. Неговиот клиент бил номиниран и, откако ми објасни зошто ја заслужува наградата, ме праша дали можам да ја „продадам“ неговата кандидатура на жирито“, откри Фере.
Одговорот бил јасен.

„Секако дека реков не“.
Но, сепак, приказната не завршила тука. Во еден момент, Фере морал накратко да го напушти бирото за да одговори на телефонски повик. Кога се вратил, агентот го немало.
Сепак, нешто друго го чекало на масата.

„Се вратив и го немаше. Но, на масата имаше плик. Го зедов и го предадов на рецепцијата. Немам поим што имаше внатре“, рече поранешниот менаџер на „Златната топка“.
Останува непознато што имаше внатре во пликот, но приказната на Фере отвора интересен поглед зад сцената на едно од најпрестижните индивидуални награди во светот на фудбалот.
„Златната топка“ предизвикува бројни контроверзии со години, особено кога станува збор за критериумите за гласање, изборот на кандидати и конечниот победник. Сепак, ваков вид приказна за наводен обид за влијание ретко се слуша од прва рака од лице кое било директно вклучено во процесот.
Ќе беше уште поинтересно ако Фере ни откриеше за кој фудбалер станува збор и кој сакал да плати за да биде најдобар играч во светот.
Следното доделување на “Златната топка“ ќе се одржи во понеделник, 26 октомври 2026 година во Лондон, во театарот „Лондон Паладиум“. Тоа ќе биде 70-то издание на наградата.

ПретходноМагдебург со триумф кај Келце за “три од три“, ПСЖ убедлив дома
СледноМеси уште еднаш се огласи: Сè уште имам толку многу да кажам…веќе ми недостига “сино – белиот“ дрес!