Одбојкарскиот шампион во женска конкуренција, скопски Работнички го комплетира ростерот за новата сезона со четири нови засилувања.
Во црвено-белиот дрес пристигнаа примачите Бојана Маројевиќ, Кристина Спасовски и Мила Радеска, како и техничарката Миа Ѓорѓиевска.
Маројевиќ во тимот носи искуство и квалитет, додека Ѓорѓиевска треба да донесе дополнителна енергија и креативност во организацијата на играта.
Спасовски и Радеска се млади и перспективни одбојкарки од кои во Работнички очекуваат значаен напредок и потврда на потенцијалот.
Од клубот велат дека со комбинација на искуство, младост и квалитет создаваат силен состав со високи амбиции за сезоната што следува.










