Работнички со четири нови засилувања пред новата сезона

0

Одбојкарскиот шампион во женска конкуренција, скопски Работнички го комплетира ростерот за новата сезона со четири нови засилувања.

Во црвено-белиот дрес пристигнаа примачите Бојана Маројевиќ, Кристина Спасовски и Мила Радеска, како и техничарката Миа Ѓорѓиевска.

Маројевиќ во тимот носи искуство и квалитет, додека Ѓорѓиевска треба да донесе дополнителна енергија и креативност во организацијата на играта.

Спасовски и Радеска се млади и перспективни одбојкарки од кои во Работнички очекуваат значаен напредок и потврда на потенцијалот.

Од клубот велат дека со комбинација на искуство, младост и квалитет создаваат силен состав со високи амбиции за сезоната што следува.

ПретходноЕндрик размислува за нова позајмица, овој пат во Астон Вила