Капитенот на македонската ракометна репрезентација и на Пелистер, Филип Кузмановски постави рекорд кога станува збор за неговите настапи во Европа.
Кузмановски во ремито против Гдањск постигна 15 гола, но за жал истите не беа доволни за победа која ќе ги вратеше целосно во игра за пласман во Топ 16 фазата.
Централниот бек по втор пат беше двоцифрен кога станува збор за европските купови. Минатата сезона, натпреварот против Пари Сен Жермен во ЕХФ Лигата на шампионите го заврши со 10 гола. Кузмановски има вкупно 313 во неговата кариера во дресот на Пелистер, Металург и Магдебург.
Пелистер имаше голема шанса да дојде до целиот плен против полскиот тим, не го искористи последниот напад, ниту пак водството од четири гола разлика, му дозволи на противникот да изедначи на 31-31, а потоа и да има напад за победа, кој на голема среќа заврши без реализација.










