Вардар 1961 не успеа да дојде до посакуванат прва победа во Лигата на шампиони. Тренерот Иван Чупиќ и неговите момци наидоаа на Висла Плоцк, тим кој во Скопје допатува максимално подготвен и на дело го оправда својот статус оваа сезона.
Иако на семафорот стоеја 26-32 за гостинскиот тим, сепак „Комити“ повторно ги поздравија ракометарите давајќи им поддршка и после поразот.
На трибините беше и поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, кој е голем фан не само на ФК Вардар, туку на ракомениот тим.










