Некогашниот европски првак од 2017 и 2019, тимот на Вардар, и вечерва во меч од 3.коло во Лигата на Шампионите, доживеа пораз од 26:32. Трет меч и трет пораз на вардарци во групата. И покрај големата борба на ракометарите на Вардар, носени од фанатичбата публика, сепак реално Висла Плоцк беше подобра и заслужено победи.
По мечот на прес – конференцијата, тренерот на гостите Хавиер Сабате не пропушти да ја пофали атмосферата во салата “Јане Сандански“ и секако домашните фанови.
„Честитки за моите ракометари на победата, со оглед на тоа дека ти треба да бидеш перфектен за да победиш во Скопје. Мора да кажам дека имате неверојатни навивачи а атмосферата овде секогаш е на ниво. Моите играчи покажаа карактер и тие се најзаслужни за оваа победа“ потенцираше Сабате.










