Чупиќ: Многу се мачевме, баравме нешто, но не најдовме вистинско решение! Јас сум виновен!

2

Иван Чупиќ и неговите момци беа надиграни од Висла Плоцк во рамките на третото коло во Лигата на шампиони. На домашен терен беа совладани со 26-31 за трет пораз во ова натпреварување.

Полскиот состав беше константен речиси во текот на целиот натпревар, цврстата одбрана беше клучот за првиот триумф против Вардар во меѓусебните пресметки.

Тренерот на македонскиот првак призна дека пгреши во „седум на шест“ и одговорноста ја превзема.

„Лошо го отворивме натпреварот. Се подготвувавме, бидејќи знаевме дека ќе биде тешко во нападот. Имавме моменти кога бевме океј, но јас погрешив што отворивме седум на шест. Одбрана одигравме добро и компактно. Висла заслужено победи бидејќи беа подобар тим. Немавме вистински решенија во нападот. Многу се мачевме, баравме нешто, но не најдовме вистинско решение. Не пресече тоа седум на шест и за тоа сум само јас одговорен“, изјави Чупиќ.

ПретходноТренерот на Висла Плоцк: Честитки за моите ракометари, имате неверојатни навивачи!