По лошите игри и резултати во последно време, по четирите порази во Б Лигата на Нации и тоа без постигнат гол, јасно е дека нашата А-репрезентација е во голема криза.
Како капитен и водач на овој тим, како предводник на оваа генерација, Енис Барди преку своите социјални мрежи испрати порака:
“„Дадовме сe од себе, се боревме до крај но некогаш ни максимумот не е доволен. Многу тешки денови поминавме. За секого беше тешко, но продолжуваме заедно за да се вратиме подобри. Самокритика и машки да се вратиме. Разочарувањето боли. Но ако нешто научивме низ годините, тоа е дека Македонија секогаш наоѓа сила да се врати. ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ. МОРАМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ! Главата горе. Ова не е крајот на нашата приказна“ напиша капитенот.











