Пеп се враќа на „Етихад“ да му даде целосна поддршка на Манчестер Сити

116

Пеп Гвардиола следната недела ќе се врати на „Етихад“, каде од трибините ќе го следи натпреварот меѓу Манчестер Сити и Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.
Тоа ќе биде негово прво враќање на стадионот откако летово, по десет години, ја напушти клупата на англискиот клуб.

Натпреварот против актуелниот европски шампион е закажан за 14 октомври.
Гвардиола неодамна јавно застана зад клубот по одлуката со која Сити беше прогласен за виновен за повеќето од 115-те обвиненија за прекршување на финансиските правила. Шпанецот порача дека секогаш ќе стои зад клубот, раководството, играчите и навивачите.

За време на десетгодишниот престој во Манчестер, Гвардиола освои шест титули во Премиер лигата, три ФА купа и пет Лига купа.

ПретходноОлисе ќе биде првиот фудбалер за кого ќе биде платено 300 милиони евра?!
СледноДуелот Скопје – Вардар ќе има и хуманитарен карактер