Одбојкарките на македонскиот вицешампион Наковски Волеј го претрпеа и вториот пораз во натпреварите од Балканскиот клупски куп кој се одржува во Струмица. Синоќа во 2. коло струмичанки беа поразени од бугарскиот состав ЦСКА Софија со 3:1, по сетови (25:20, 22:25, 21:25, 20:25).
Во рамките ва второто коло, вчера екипата на Олимпијакос со убедливи 3:0 славеше над косовска Дрита.
За денеска останува да се одиграат само уште натпреварите од последното коло. Од 17 чаост ЦСКА Софија ќе се сретне со Дрита, додека од 19:30 Наковски Волеј ќе игра против апсолутниот фаворит Олимпијакос.










