ГРК Охрид имаше гости пред пресметката со Алкалоид во дербито на колото!

134
Фото: ГРК Охрид

Утре на програмата е големо дерби од шетото коло во Супер-лигата, ГРК Охрид е домаќин на Алкалоид, дуелот стартува во 18:30 часот.

Охриѓани зад себе го имаат дебклот против Вардар на гостински терен, избраниците на Борис Ројевиќ, изненадувачи личеа на почетници на оваа средба, па сега во СЦ „Билјанини Извори“ сакаат да докажат дека оваа сезона бадијала не се едни од главните фаворити за титулата.

На другата страна Алкалоид на оваа пресметка влегува со перфектен скор од пет победи во исто толку одиграни натпревари.

Се очекува салата да биде исполнета до последното место, а вечерва фановите на охридскиот тим дојдоа на последниот тренинг на тимот да му дадат поддршка.

ПретходноФлик откри кои мечеви ќе ги пропушти Рафиња, индиректно го критикуваше Анчелоти!
СледноМодриќ разговараше за својата идна работа со претседателот на Реал