Кузмановски незаприлив, Куманово само лесен тренинг за Пелистер

82

После ремито во Европската Лига, Пелистер дојде до нова победа во Супер-лигата. Практично домашниот меч против Куманово беше само полесен тренинг за битолчани, кои славеа со убедливи во меч 36-23 од шестото коло. За избраниците на Лино Червар ова беше петти триумф, имаат едно реми.

После рекордната партија во Европската лига, Филип Кузмановски повторно беше лидер во својот тим, овој пат запиша седум гола од девет обиди. Петар Атанасијевиќ беше стрелец на шест погодоци од осум обиди. Кај Куманово, Наум Костов запиша осум гола од 11 обиди.

Победникот на оваа средба беше решен после едно полувреме, Пелистер имаше предност од седум гола 18-11. После одморот беше очекувано да продолжи во ист ритам, па веќе во 38-та минута дојде до првата двоцифрена предност (22-12). Преостанатиот дел беше чиста формалност за фаворитот.

На другата страна Куманово останува во долниот дел од табелата со скор од едно реми и четири порази.

ПретходноРиера: Се прашуваме зошто доѓааат повредите, Гаштаров пред два месеци воопшто не играше…
СледноКристијано Роналдо јуниор заврши со Португалија!?