Голем успех на Митевска – победничка на турнирот во Грција

69

Македонската тенисерка Сара Митевска (16.години) постигна голем успех. Таа го освои турнирот во Грција во конкуренција на тенисерки до 18 години – Ј100 Аридеа. Резултатот на Митевска е уште повреден ако се се знае дека на убедлив начин стигна до финалето, а во мечот за пехарот успеа да направи пресврт.

Во финалниот меч Митевска ја победи Софија Дрозденко со 2-1 во сетови (16 61 63).

Претходно на патот до финалето не загуби ниту еден сет. Во првата рунда како седма носителка беше слободна, а во второто коло ја победи Фотеини Фасула од Грција 2-0 (61 61). Во следната рунда ја совлада Елена Пападопулу од Бугарија со 2-0 (63 62), додека во четвртфиналето беше поуспешна од Ана Варса од Романија со 2-0 (76(5) и 64). Победничката серија ја продолжи во полуфиналето со Лидија Панајотиду од Грција 2-0 (64 64).

Митевска настапи и во конкуренција на двојки каде со Нина Тепиќ од Србија беа елиминирани во четвртфиналето.

ПретходноНкунку со хет – трик: Лајпциг броеше до шест против Ајнтрахт Франкфурт
СледноДе Брујне е класа, Наполи со победа