По тринедела пауза поради настапите на нашите репрезентации, денеска со два меча од 9.коло продолжуваат возбудувањата во нашата елитна фудбалска лига. Да кажеме дека со ова коло завршува првиот круг или првата 1/4 од тековната сезона.
Во Кавадарци, во утрински термин од 12 часот, се среќаваат Тиквеш и Брегалница. Јасно е дека кавадарчани се фаворити, објективно имаат поквалитетен тим, имаат амбиции за излез во Европа и се освен нивна победа ќе биде големо изненадување. Сепак треба да се биде внимателен, паузата траеше цели три недели и допрва ќе се види како таа влијаела на четата на стратегот Оливер Богатинов.
Брегалница не смее никако да се потцени, посебно ако се знае дека кога играат овие две екипи, така било низ историјата, ова било нешто повеќе од еден обичен фудбалски натпревар.
Во Гостивар од 13 часот силите ќе ги одмерат Арсими и Силекс. Во некое друго време гостите предводени од Александар Васоски не би требало да имаат проблем да го добијат овој меч, без разлика што и Арсими си има свои квалитети, но сега не се некои други времиња ако се знае дека Силекс цели два месеци се нема радувано на победа. Последен пат кратовци победија на 15 август кога во меч од 3.коло дома славеа со Скопје 3:0. Оттогаш минаа пет кола а Силекс имаше три порази и две ремија. Освои само два бода од можни 15. Што е многу, многу е за таков клуб како Силекс. Токму затоа притисокот е на нивна страна а тогаш домашната екипа на Арсими и тоа како знае да биде опасна. Во секој случај ќе биде интересно.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 9.КОЛО
Кавадарци: Тиквеш – Брегалница (12 ч)
Гостивар: Арсими – Силекс (13 ч)
ТАБЕЛА
Шкендија (Т) 19, Струга ТЛ 17, Вардар 14, Тиквеш 13, Шкендија (А) 13, Брегалница 10, Силекс 9, Арсими 8, Башкими 4, Скопје 3.















