Хорор повредата на колумбиецот Диего Контрерас од екипата на Арсими го одбележа дуелот на овој тим против Силекс во рамките од новото 9. коло од ПМФЛ шампионатот, кој што се игра викендов. Истиот заврши 1:1, но скршеницата на ногата на напаѓачот на домашните секако дека ќе биде главна тема од овој меч. Тој во еден обид во првиот дел да шутира кон голот на Силекс, незгодно ја постави стоечката нога, и едноставно при падот седна на неа. Епилогот е тешка повреда, а Контрерас веднаш со возилото на Итната помош беше одведен во болница
Од фудбалскиот дел на овој меч мора да ги издвоиме интервенциите на домашниот голман Силјановски во првиот дел, кога спаси гостинско водство. Сепак, во второто полувреме во 47. минута, Џемаили си постигна ретко виден автогол, за водство од 0:1 на Силекс.
Сепак, во 53, минута Арсими одговори преку Гаје, кој што искористи добро проигрување од десно и израмни на 1:1.
До крајот на мечот, Силјановски повторно главен актер, спаси неколку добри ситуации за Силекс. Александар Мишов ја имаше шансата на мечот но од три четири метри од голот на домаќинот шутираше над голот.















