Просинечки е новиот селектор на Бугарија!?

30

Медиумите кај нашиот источен сосед попладнево јавуваат дека Роберт Просинечки е најсериозен кандидат да ја преземе функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија.

Како што се пренесува, Просинечки и раководните структури на Федерацијата веќе стапиле во контакт и првичните разговори се обавени.

На овие информации се надоврзуваат пак хрватските медиуми кои што велат дека одлука може да падне некаде до средината на следната недела.

Просинечки има богата клупска тренерска кариера, а бил селектор досега на Киргистан, Црна Гора, Босна, Азербејџан.

 

ПретходноСилекс има проблем, нема победа од август
СледноМиле Свилар најмалку еден месец надвор од теренот