Македонецот е чудо: Томовски повторно фантастичен, за победа на Битигхајм

130
фото: SG BBM Bietigheim (FB)

Ништо ново кога станува збор за македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски. Македонецот и вечерва со фантастична партија за својот Битигхајм и за победа на гости кај Гепингем со 25:29, во меч од 8.коло во најсилната ракометна лига во светот.

Томовски има 13 одбрани, едноставно докажа дека е во страшна форма што секако дека може да го радува селекторот Кирил Лазаров.

Втора победа за Мартин Томовски и неговите соиграчи и втора победа на гости.

Сепак, за нас е најважно што нашиот голман и тоа како е во одлична форма.

По овој меч, Битигхајм е на 15.место на табелата со што побегна од опасната зона.

ПретходноКожув одлично почна, ама МЗТ Скопје покажа кој е шампион
СледноПо тешката повреда: Арсими објави дека Контрерас успешно е опериран!(ФОТО)