Интересно: Револуција за колбасите, фановите во Германија се жалат на кетерингот

50

Иако често се прашуваме дали на нашите стадиони конечно ќе биат чисти седиштата, ако има такви, дали тоалетите работат или барем ќе има вода за пиење, проблемите на просечниот германски фудбалски навивач се од сосема друга димензија.

Верувале или не, најголемиот скандал во РБ Лајпциг овие денови не е поврзан со формата на тимот или тренерот, туку со должината и квалитетот на стадионските колбаси!
По 12 години соработка со локална компанија за кетеринг, раководството на РБ Лајпциг одлучи да направи промена и потпиша шестгодишен договор со американскиот гигант „Леви“, кој веќе ги опслужува стадионите на Тотенхем и Ајакс. Клубот објави дека имаат за цел да се модернизираат, да ја забрзаат услугата и да го зачуваат регионалниот вкус. Сепак, реалноста на трибините се покажа како тотална катастрофа.

Наместо да уживаат во натпреварот, навивачите беа пречекани со непријатни изненадувања, а социјалните мрежи беа преплавени со поплаки. Навивачите беа шокирани кога открија дека познатата германски колбас е неквалитетен – со лош вкус и недоволно се големи. Покрај тоа, помфритот бил и мек и тврд, а лепчињата биле сосема несоодветни.
За да биде уште полошо, цените нагло се зголемија, додека порциите станале срамно мали. Наместо ветените иновации, луѓето чекаа во километарски редици поради ужасната организација и ограничениот избор на храна.
Маркус, еден од претставниците на најголемата навивачка заедница на клубот, рече дека ситуацијата е навистина лоша. Тој нагласи дека порциите и цените се без преседан, а ветениот регионален вкус целосно недостасува. Според него, стариот кетеринг нудел фер цени, нормални порции, па дури и вегански опции и пица, што било иновативно. Затоа, останува сосема нејасно зошто е направена оваа промена на прво место.

Овој необичен бунт на навивачите стана толку сериозен што клубот мораше официјално да одговори за време на паузата за меѓународни натпревари. РБ Лајпциг издаде соопштение во кое признава дека не ги исполниле сопствените стандарди и дека ги сфатиле жалбите од анкетите исклучително сериозно. Тие се обврзаа да направат конкретни промени во колбасите, кифлите, переците и големината на порциите.

Вчера Лајпциг играше дома со Франкфурт и победи со 6:0, информациите велат дека работите со храната биле поправени.

Тоа е, некој бара чисти седишта и тоалети, како во Македонија, а некој поголеми и поквалитетни колбаси, како во Германија.

ПретходноДиоманде му донесе победа на Реал, невидена ГЛУПОСТ на Винисиус!(ФОТО+ВИДЕО)
СледноМурињо бесен на судиите, oдби да се појави на прес-конференција