Милан запрен во Реџо Емилија, Сасуоло му одзеде бод на фаворитот

48
фото: Lega Serie A (X)

Милан не успеа да врзе втора победа во Серија А, откако одигра 1:1 на гостувањето кај Сасуоло во шестото коло од италијанскиот шампионат.

„Росонерите“ влегоа во натпреварот како фаворити, но на „Мапеи“ стадионот не пронајдоа решение за организираната одбрана на домаќините. Милан освои само бод  иако имаше предност, но домаќините успеаја да одговорат и да стигнат до реми.

Адриен Рабио во 63. минута го доведе Милан во водство, но радоста на гостите траеше кратко. Само пет минути подоцна, Кас Одентал ја затресе мрежата на Милан и ги постави конечните 1:1.

ПретходноВМФЛ: Бод за Беласица, бод за Пелистер…
СледноРеакција од Баерн Минхен: “Лигата на Нации е измама, која ние ја плаќаме…“