Денеска од 15 часот во натпревар од 9.коло, на стадионот на Автокоманда се среќаават Скопје и Вардар. Тоа ќе биде дуел меѓу најслабиот тим во лигата, последниот на табелата, тим кој во изминатите осум кола немаше победа и тоа го прави единствен сезонава во ПМФЛ и шампионот. Вардар во последните три кола под водство на Миодраг Гроф Божовиќ освои седум бодови и колку толку ја поправи својата позиција на таббелата, која претходно беше ужасна. Сега шампионот е четврти со -5 бодови зад Шкендија (Т), -3 во однос на Струга ТЛ и -2 зад Тиквеш.
Токму затоа овој меч е со екстра важност и за двете екипи. На “Пиратите“ им треба победа, тука нема дилеми. Дури и бод им е премалку ако сакаат што побргу да се “извлечат“ од опасната зона. Дали тренерската смена ќе донесе и нешто подобро, останува да се види. Денеска на клупата на Скопје свое деби ќе има новиот стратег Иван Варадиновски кој во тринеделната пауза беше назначен за нов стратег на местото на Муарем Муарем, кој пак се врати во Башкими.
Рековме веќе дека и на Вардар, под водство на Гроф, бодовите му се повеќе од потребни. Можеме само да замислиме под каков притисок ќе биде шампионот, под какви критики ќе бидат сите во Вардар, ако не се победи денеска. Јасно е дека за Вардар катастрофа ќе биде и реми, тој бод ништо нема да смени во генералната слика за тимот во досегашниот дел од сезоната.
А сите ние знаеме колку е тешко да се игра на Автокоманда.















