Несторовски со два гола го предводеше Славен до победа над Риека

90
фото: NK Slaven Belupo (FB)

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски блесна со два гола во победата на Славен Белупо од 4:1 против Риека, во натпревар од хрватското првенство. Несторовски беше еден од главните јунаци на домашниот тим, кој по почетното водство на гостите направи пресврт и стигна до убедлив триумф.

Риека поведе во седмата минута со голот на Тијаго Дантас од пенал, но Славен израмни во 35. минута преку Џон Мерсинај. Ловро Бановец во 52. минута донесе пресврт и предност за домаќините.

Тогаш на сцена стапи Несторовски. Македонскиот голгетер во 68. минута со прецизен удар со левата нога од околу 20 метри зголеми на 3:1, а шест минути подоцна повторно се запиша во листата на стрелците за конечни 4:1. По ударот со глава на Марко Дабро и одбиената топка од пречката, Несторовски се снајде во шеснаесетникот и ја смести топката во мрежата.

Со двата погодоци, искусниот македонски напаѓач потврди дека може да биде клучен фактор за Славен Белупо, кој оствари убедлива победа над Риека и ги израдува домашните навивачи.

ПретходноЛиверпул беше пред водство, но по црвениот картон доживеа тежок пораз на „Енфилд“
СледноВМФЛ: Бод за Беласица, бод за Пелистер…