Вчера Наполи славеше во шамионатот на Италија, но симптоматично беше тоа што во составот не беше напиот Андреј Јакимовски. Дури подоцна беше објавено дека Македонецот не бил во тимот поради повреда:
„Дијагностичките испитувања покажаа целосно кинење на внатрешниот кос мускул на десната страна од стомакот кај Јакимовски, при што дошло до одвојување од местото на припој на единаесеттото ребро. Играчот веќе ја започна програмата за терапија и рехабилитација изготвена од медицинскиот тим. Времетраењето на закрепнувањето ќе се утврди врз основа на развојот на клиничката состојба на играчот и неговиот одговор на третманот“, објавија од таборот на Наполи.
Секако дека ова е нималку пријатна вест за селекторот на нашата репрезентација Берокал, ако се знае дека во ноември Македонија игра натпревари во квалификациите за ЕП.










