ФК Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено ја прекинаа соработката, а причината за разделбата е трансфер на стратегот во Кувајт. Струмичкиот клуб ја потврди разделбата и му се заблагодари на Алаѓозовски за ангажманот, посветеноста и трудот што ги вложил за време на престојот во Беласица.
„ФК Беласица АД сака искрено да му се заблагодари на Мартин Алаѓозовски за неговиот ангажман, посветеност и труд во нашиот клуб“, објавија од клубот.










