Второлигашот ГФК Осогово официјално го именуваше Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб на сениорската екипа.
Истовремено, клубот соопшти дека Игор Данев ќе ја извршува функцијата помошен тренер и тренер на голманите. Со овие назначувања, Осогово го комплетира стручниот тим кој ќе биде задолжен за подготовката и водењето на сениорскиот состав во продолжението од сезоната.
Златков ќе го предводи тимот со цел да се остварат клупските амбиции и да се обезбедат што подобри резултати, по заминувањето на досегашниот тренер на тимот, Крсте Крстев.










