ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Муарем Муарем (Башкими)

65
ФОТО: KF Bashkimi/FB

Не му одеше со Скопје, но затоа уште на првиот меч откако се врати на клупата на Башкими, Муарем Муарем покажа дека си ја знае работата. Неговиот тим вчера против Струга ТЛ, против еден од претендентите за највисок пласман и тоа како покажа сила. Кумановци одиграа навистина квалитетно и иако губеа со 0:1, сепак на крајот славеа голема и екстра важна победа со 2:1. Тимот на Муарем навистина одигра квалитетно, знаеше како треба против еден таков тим како што е Струга ТЛ и на крај дојде до втората победа сезона.

Башкими под водство на Муарем Муарем допрва ќе прикажува квалитетни игри, јасно е дека во меѓувреме кумановскиот клуб и тоа како се засили со квалитетни имиња, но исто така е јасно дека овој Башкими на Муарем, ако продолжи со добрите игри, многу брзо ќе ја напушти опасната зона и во најмала рака ќе се најде во средината на табелата.

ПретходноДочекавме и тоа: Нетфликс ги откупи правата за пренос на Мундијалот во Шпанија
СледноНекогашниот висок функционер на ФК Партизан, пронајден мртов во неговиот стан