Победа на фудбалерките до 19 години на гостувањето во Косово

33

Во вториот контролен натпревар против селекцијата на Косово, женската репрезентација до 19 години славеше со 3:1.

Избраничките на селекторот Кирил Изов поведоа со голот на Меланија Грозданова во петтата минута. На три минути пред крајот на првиот дел Олса Мачастена израмни на 1:1.

Во 56-тата, Теона Галабовска и донесе предност на Македонија од 2:1, а конечните 3:1 ги постави Грозданова со погодокот во 89. минута од натпреварот.

Во првиот дуел што се одигра во Приштина, двете репрезентации постигнаа по еден гол, а стрелец за Македонија беше Јована Каралиоска.

ПретходноКрањ 13.10.1993: Минаа 33 години од првиот историски натпревар на Македонија (ВИДЕО)
СледноВардар оди по реванш во Плоцк, Чупиќ порача: Мораме да бидеме подобри за да стигнеме до првите бодови!