Осогово го назначи Спиро Златков за нов тренер на првиот тим

38

Второлигашот ГФК Осогово официјално го именуваше Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб на сениорската екипа.

Истовремено, клубот соопшти дека Игор Данев ќе ја извршува функцијата помошен тренер и тренер на голманите. Со овие назначувања, Осогово го комплетира стручниот тим кој ќе биде задолжен за подготовката и водењето на сениорскиот состав во продолжението од сезоната.

Златков ќе го предводи тимот со цел да се остварат клупските амбиции и да се обезбедат што подобри резултати, по заминувањето на досегашниот тренер на тимот, Крсте Крстев.

ПретходноСемејна трагедија во Мадрид: Почина мајката на Коке, мечот со Манчестер Ј. почнува со минута молк
СледноПолувреме: Пелистер има негатива од пет гола