Фабијан Хирцелер, актуелниот тренер на Брајтон, е главен кандидат за наследник на Мајкл Керик на клупата на Манчестер јунајтед доколку клубот одлучи да ја прекине соработката со англискиот стратег. Ова го објави британскиот весник „Сан“.
Иако раководството на „Црвените ѓаволи“ засега му дава поддршка на Керик, слабите резултати на почетокот од сезоната ја доведуваат во прашање неговата иднина. Хирцелер, кој го предводи Брајтон од 2024 година, остави добар впечаток со својата работа. Под негово водство, Брајтон двапати по ред ја заврши сезоната на осмото место во Премиерлигата, а против Манчестер јунајтед има четири победи на шест меѓусебни натпревари.
Сепак, евентуалното ангажирање на германскиот стратег нема да биде едноставно, бидејќи во јуни тој го продолжи договорот со Брајтон за уште три години.










