Гаштаров ги пронајде „нашинците“ на трибини и им подари дрес (ВИДЕО)

121

Екипата на Црвена Звезда синоќа во рамките од новото коло од Лигата на Конференции, одигра дуел на гостувањето кај Лугано во Швајцарија. Поразот од 3:2, доста несреќен, со досуден и реализиран пенал за противникот во послендите моменти од дуелот.

По мечот, илјадниците навивачи на Звезда на трибините мораше да бидат поздравени, а нашиот Матеј Гаштаров кој одигра цел натпревар пронајде нашинци кои што едвај чекаа да го поздрават.

Македонскиот репрезентативец во право време со прав потег. Го соблече дресот и му го подари на најмладиот веројатно навивач на трибините кој што патем имаше дрес на Македонија на себе… секоја чест.

ПретходноГолемото дерби Шкендија – Вардар ќе се игра на 24 октомври во Гостивар
СледноФФМ: Дисциплински постапки против Башкими, Муарем Муарем и Дурим Хида