Официјално: Зекирија Рамадани на клупата на Гњилане! (ФОТО)

37

Од денеска и официјално еден од нашите најпознати тренери, Зекирија Рамадани е нов шеф на струката на Гњилане, тим од Косово. Ова е негово враќање во овој клуб, ако се знае дека популарниот Зеко го предводеше Гњилане и во сезоната 2022/23 избори настап во Европа и дојде до финалето на Купот на Косово.

Од таборот на клубот на официјалната промоција не го криеја своето задоволство од фактот дека Рамадани се вратил во Гњилане. Инаку тој веднаш по промоцијата го одржа и првиот тренинг со играчите на Гњилане.

ПретходноМЗТ Скопје му покажа на ТФТ кој е шампион (ФОТО)
СледноМакедонија без една од најдобрите на ЕП: Ангела Јанкуловска со тешка повреда на коленото!