Лазаров: Секогаш е задоволство да се игра во Европа! Имаме максимален респект кон Ферлах

48

Екипата на Алкалоид после една година повторно се враќа на сцена во ЕХФ Европскиот Куп, натпреварување кое го освои и постана првиот македонски тим кој дошол до вакво остварување. Тогаш составот со кој располагаше Кирил Лазаров беше домашен.

„Освојувањето на европската титула со домашен ростер, за млад клуб како Алкалоид, беше одлична работа. Се радуваме на новиот предизвик и ќе имаме максимален пристап на секој натпревар. Тоа ќе го барам и од играчите. Секогаш е задоволство да се игра во Европа, а меѓународните официјални натпревари на клупско ниво носат дополнителен квалитет на тимот и посебна мотивација“, вели Кирил Лазаров.

Прв противник на Алкалоид е австрискиот Ферлах, дуелот се игра во салата во Автокоманда со почеток во 19 часот.

„Противникот доаѓа од држава чија национална селекција е во подем. Имаат искусни играчи со квалитетно минато. Добро се воиграни и имаат добар ракометен систем. Треба да имаме максимален респект кон Ферлах. Бидејќи се работи за елиминациски натпревар, мораме да бидеме максимално фокусирани и дисциплинирани во сите 60 минути. Очекувам тврд натпревар со многу трчање и убави потези.

Нам ни се потребни меѓународни натпревари за подигнување на натпреварувачката форма. Минатата сезона ни недостасуваа токму ваков тип натпревари. По првенствениот натпревар со Струга од домашното првенство, имавме два дена квалитетно да се подготвиме за овој дуел“, вели Лазаров.

Денеска свој прв меч европска сцена го игра и Бутел Скопје, кој гостува кај Горица. Избраниците на Стојанче Стоилов вчера го одбработија последниот тренинг и веќе денеска ќе ги одмерат силите со хрватската екипа, мечот стартува во 18 часот.

ПретходноПМФЛ: Денеска во Штип ќе “гори“ – Брегалница против Вардар!
СледноВМФЛ: Лидерот гостува во Ѓорче, битката за Струмица утре под рефлектори