ВМФЛ: Кожуф со гол во 87.минута “извлече“ бод во Камењане

165
ФОТО:facebook.com/fckozuf/

Попладнево во Камењане, во меч од 8.коло во ВМФЛ, домашниот состав на Камјани и Кожуф одиграа без победник 1:1. Домашните поведоа со 1:0 во средината од првото полувреме, но гостите не се предадоа и со гол во 87.минута успеаја да освојат голем бод.

Веројатно со новиот стратег Вангел Алтипармаковски некои работи се менуваат на подобро во второлигашот од Гевгелија. Ова беше втор меч за Алтипармаковски на клупата на Кожуф, и вториот на гости, со кој тој остана непоразен. Минатата недела кај Детонит беше 1:1, сега и во Камењане исто 1:1.

ПретходноЏани Алиоски успешен пеналџија во победата на Лугано
СледноДали е ова крај за Карик: Јунајтед само до бод кај Лидс, Брајтон си “гази“!