Втора победа на Македонија до 15 години на СП 7+1 во Баку

49

Младата репрезентација на Македонија до 15 години забележа победа од 3:1 против Малта, во четвртиот натпревар на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку, Азербејџан.

Македонските надежи одиграа одличен натпревар и заслужено стигнаа до триумфот. Стрелци за Македонија беа Доротеј Христов во 24. минута, Стефан Стојаноски во 29. и Дин Рожајац во 32. минута. Единствениот гол за Малта го постигна Деклан Замит во 13. минута.

Избраниците на селекторот Горан Станковски досега забележаа две победи, пораз и реми на турнирот. Во првиот натпревар Македонија ја совлада Панама со 4:1, потоа загуби од Чад со 1:2, додека во третото коло одигра нерешено 2:2 против Кенија. По дуелот со Малта, македонската селекција ја очекува и последниот натпревар од групната фаза против Нигер.

ПретходноНе го предомислија по трет пат: Илиќ дефинитивно не е повеќе тренер на Партизан
СледноДеби за паметење на американката од Бадел 1862: Фримен со трипл – дабл на стартот на сезоната