ТИМ И ИГРАЧ НА 11.КОЛО: Сила е СИЛАТА на Тиквеш

54

На Тиквеш тешко му одеше дома со Башкими, во првото полувреме не успеваше никако да дојде во водство, ама тренерот Оливер Богатинов не искажуваше нервоза. Добро знаеше дека на клупата го има Н`фанли Сила за секој случај, не само најдобриот стрелец сезонава во ПМФЛ туку веројатно и најдобриот играч. Па така напаѓачот од Гвинеја само што влезе во игра за 15 минути постигна два гола и еднаш асистираше и сам го “реши“ Башкими. На крајот конечни 3:1. Овој Сила навистина е СИЛАТА на Тиквеш.

Токму затоа “СпортСпорт“ одлучи тој да биде играч на колото. Покрај него во тимот на колото се и Коцев и Натаниел (Брегалница), Талески и Јанкулов (Вардар), Мелиќи и Рафа (Шкендија Т), Бојку, Воша и Малески (Струга ТЛ), Хасукиќ (Силекс).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

Н`ФАНЛИ СИЛА

Тим: Тиквеш

Роден: 02.02.2005 во Гвинеја

Кариера: Калум, Кечиорен, Јеничами, Генчлик, Думлупинар, Тиквеш

ПретходноДавор Здравковски слави „200“ настапи за АЕЛ Лимасол!
СледноПројковска му суди на Арсенал во женската Лига на шампиони