И Јанта Волеј со убедлив пораз на стартот на Челинџ Купот

17

Одбојкарките на Јанта Волеј Кисела Вода загубија од чешкиот Лви Прага со 0:3 во сетови во натпреварот од првото коло на Челинџ купот на ЦЕВ. На дуелот одигран во спортската сала во Куманово, гостинките славеа со 25:17, 25:6 и 25:15, за вкупно 68 минути игра.

Кај Јанта Волеј, Дестини Нелсон беше најефикасна со девет поени, додека Матеа Попоска освои седум. Кај гостинките, Јана Дворжакова постигна 22 поена, а Јана Фиксова додаде 11.

ПретходноСтрашниот Лацио промаши два пенали, па сепак славеше со убедливи 6:2!
СледноЦрвена Звезда го нокаутира Макаби!