Македонските одбојкарски шампионки, Работнички Скопје и вториот макеоднски евро-преставник Јанта Волеј КВ, денеска ги започнуваат настапите на европската сцена. И двата македонски тима годинава ќе ги пробраат силите во ЦЕВ Челинџ купот.
Работнички вечерва за противник го има грчкиот Заон Кифисија на првиот натпревар којс е игра на гостински терен. Македонскиот претставник, кој беше меѓу носителите при ждрепката, ќе се обиде достојно да му парира на грчкиот вицешампион на дуел кој почнува од 17 часот по македонско време. Средбата ќе се одигра во спортската сала „Зиринио“ во Кифисија, предградие на Атина.
Од друга страна, Јанта Волеј КВ по минатогодишното деби во ЦЕВ Лигата на шампионите оваа сезона ќе се натпреварува во Челинџ купот. Во првото коло македонскиот тим ќе се соочи со чешка Прага. Првиот дуел Јанта Волеј го игра на домашен терен, во спортската сала во Куманово, вечерва од 19:30 часот. Македонскиот состав ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и да обезбеди поволен резултат пред реваншот.










